Ратко Младиќ поднесе жалба на хашката пресуда

Фото Профимедиа

Поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, поднесе жалба против одлуката на судот во Хаг за доживотен затвор за геноцид, злострорства против човештвото и воени злосторства.

Неговите адвокати побарале ослободување и отфрлање на сите погрешни судски одлуки.

Од друга страна, обвинителството поднесе жалба со која се бара трибуналот да го прогласи за виновен Младиќ и во однос на второто обвинение за геноцид.

Младиќ беше осуден на доживотен затвор во ноемри минатата година. (Макфакс)