Повторно солзавец во Парламентот во Косово

75

Пратниците на косовското движење „Самоопределување“, Фиторе Пацоли и Џелал Цвеќла денеска со солзавец ја спречија седницата на која требаше да се гласа за нацрт-законот за ратификација на договорот за демаркација со Црна Гора.

Поради солзавецот беше спречен обидот на владејачките партии да гласаат за договорот што е услов на Европската Унија за косовските граѓани да добијат визна либерализација.

Собранието на Косово веќе четврти пат се обидува да го ратификува договорот за демаркација со Црна Гора.

За истиот да се изгласа, потребни се две третини од гласовите на пратениците. Овие седници речиси секојпат се прекинувани поради солзавец во собраниската сала.