Могерини: Прво укинување на царините, па ќе продолжи дијалогот Приштина – Белград

Според Могерини тогаш кога царините ќе бидат укинати ќе има нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина.

80
Фото Борче Поповски

Федерика Могерини на седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк потврди дека „царините кои владата на Косово ги воведе за увоз од Србија мора да се стават вон сила”.

Според Могерини  тогаш кога царините ќе бидат укинати ќе има нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина.

Целта на дијалогот, според неа, е да се постигне правно обврзувачки договор, кој мора да понуди решение за сите отворени прашања и да доведе до целосна нормализација на односите меѓу Приштина и Белград. Договорот треба да добие поддршка од Советот за безбедност на ОН и за него треба да се договорат исклучиво двете страни во дијалогот – Белград и Приштина.