Лавина уби двајца сноубордисти на Пирин

Нивните тела биле пронајдени на патеката „Тодорка“, на место што е популарно за екстремни скијачи, на кое често пати има слични инциденти. Планинските служби за спасување била известена за инцидентот во 11 часот и веднаш интервенирала со патрола со кучиња душкала, при што биле пронајдени телата на сноубордистите, но нивниот идентитет не можел да биде утврден зашто со себе не носеле легитимации.

888

Двајца сноубордисти на возраст од 20 и 23 години денеска загинаа од лавина на падините на Пирин во соседна Бугарија.

Сноубордистите се спуштале надвор од обележаните скијачки патеки, а се смета дека самите ја предизвикале лавината што ги затрупала.

Нивните тела биле пронајдени на патеката „Тодорка“, на место што е популарно за екстремни скијачи, на кое често пати има слични инциденти.

Планинските служби за спасување била известена за инцидентот во 11 часот и веднаш интервенирала со патрола со кучиња душкала, при што биле пронајдени телата на сноубордистите, но нивниот идентитет не можел да биде утврден зашто со себе не носеле легитимации.

Службата повторно предупреди на сериозна опасност од лавини и апелираа до скијачите да не излегуваат надвор од обележаните патеки.