Косовското Собрание ќе гласа за демаркацијата на границата со Црна Гора

Косовското Собрание ќе гласа за демаркацијата на границата со Црна Гора

23
SHARE

По синоќешната расправа, која траеше девет часа, косовското Собрание денеска ќе гласа за Спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.

Во дебатата покрај партиите од мнозинството, за ратификацијата се изјаснија и пратениците на Демократскиот сојуз на Косово, додека пратениците на Самоопределување и Независните пратеници објаснија дека ќе гласаат против. Пратениците на Српската листа не учествуваа во расправата.

Премиерот Рамуш Харадинај изјави дека очекува денеска да се обезбедат потребните гласови на пратениците, и Спогодбата за демаркацијата, која ја потпишаа претседателите на Косово и Црна Гора, Хашим Тачи и Филип Вујановиќ, да стапи во сила.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY