Бебе починало откако било фрлено во коприви

6
Фото: Драган Кадич / Еспресо

Бебе кое вчера било пронајдено оставено меѓу коприви покрај планинскиот пат накај селото Оруглица, утрово починало во Општата болница во Лесковац.

Полицијата се сомнева дека 32-годишната М.С. го оставила девојчето веднаш по раѓањето, но жената негирала дека се породила. Таа сега се наоѓа на гинеколошкото одделение во Лесковац и е под полициски надзор, известува „Еспресо”.

Докторите кажале дека бебето во болницата пристигнало во многу тешка состојба. Во текот на ноќта тоа покажувало знаци за подобрување, но утрово после некои компликации починало.

-Нашите луѓе дале се од себе и првиот извештај од утрово рекол дека најлошото поминало. Меѓутоа, по 7 часот бев известен дека девојчето починало-рекол доктор Небојша Димитријевиќ, директор на Општата болница во Лесковац.

Тој потврдил дека на гинеколошкото одделение се наоѓа жената за која постои сомнеж дека е мајка на починатото девојче.