Американски сенатори подготвуваат неколку мерки против Саудиска Арабија во врска со случајот Кашоги

13

Американски сенатори разгледуваат законодавство од неколку делови во врска со случајот на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, јавија локалните медиуми.

Претседателот на Комисијата за надворешни односи на американскиот Сенат Боб Коркер изјави дека сенаторите ќе се обидат да „истуркаат” три мерки – резолуција со која се осудува саудискиот престолонаследник поради убиството на Кашоги, предлог закон за прекин на продажбата на оружје за кралството и резолуција за скратување на американската помош за коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против хусите во Јемен.

Петмина републикански и демократски сенатори вчера се сретнале зад затворени врати за да разговараат за следните чекори, по што изјавија дека сé уште не нашле компромис кој би можел да добие доволно поддршка од двете партии за да помине во Сенатот.