Американската војска изведе набљудувачки лет над Украина

Во соопштението уште се истакнува дека Вашингтон се залага за подобри односи со Русија, но тоа не може да се случи се додека продолжуваат незаконските и дестабилизирачки акции во Украина.

132

Американската војска соопшти денеска дека извела „невообичаен“ лет над Украина, согласно Спогодбата за отворено небо. Во соопштението од Пентагон се наведува дека со „летот за набљудување“ се „реафирмира американската посветеност кон Украина“, откако Русија и заплени три брода, заедно со екипажот.

„Рускиот неиспровоциран напад на украински бродови во Црното Море во близина на Керченскиот Теснец е опасна ескалација во образецот на се попровокативни и позаканувачки активности“, оценува Пентагон.

Во соопштението уште се истакнува дека Вашингтон се залага за подобри односи со Русија, но тоа не може да се случи се додека продолжуваат незаконските и дестабилизирачки акции во Украина.