„Свет без нуклеарно оружје“: Папата Франциск го пречека јапонскиот премиер Кишида

Фумио Кишида и Папата Франциск/ Фото EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Папата Франциск и премиерот на Јапонија Фумио Кишида, единствената земја погодена од атомски бомби, денеска се состанаа и разговараа за нивната заедничка надеж за свет без нуклеарно оружје, пренесува Ројтерс.

Франциск и Кишида се состанаа во Ватикан непосредно пред општата аудиенција за илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар.

„Тие зборуваа за нуклеарно оружје и за тоа како неговата употреба и поседување е незамисливо“, рече портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Во посебна изјава на Ватикан се вели дека во разговорите потоа со највисоките ватикански дипломати, особено внимание и било посветено на војната во Украина, „нагласувајќи ја итноста од дијалог и мир и изразувајќи надеж, за таа цел, за свет без нуклеарно оружје“.

Двајцата се состанаа истиот ден кога руското Министерство за надворешни работи објави санкции против 63 јапонски функционери, вклучително и Кишида, за вклучување во, како што рече, „неприфатлива реторика“ против Москва.

Во своето читање од состанокот, јапонската амбасада во Ватикан во соопштение рече дека папата и Кишида разговарале и за истрелувањето на балистичка ракета од Северна Кореја кон морето кај нејзиниот источен брег во средата и загриженоста за нуклеарниот потенцијал на северот.

За време на неговата посета на Јапонија во 2019 година, Франциск ги посети Хирошима и Нагасаки, кои во 1945 година станаа единствените градови што некогаш биле погодени од атомски бомби, и апелираше до светските лидери да се погрижат нуклеарното оружје никогаш повеќе да не се користи.

Франциск го поддржува договорот на ОН кој има за цел да го забрани нуклеарното оружје и рече дека дури и нивното поседување со цел одвраќање е неморално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот