Свештеник со пиштол на вода делеше благослов: Првобитната идеја ми беше да се направи нешто за децата

Twitter

Отецот Тим Пелц (70) од Мичиген стана вистински хит на социјалните мрежи поради неговиот оригинален начин на давање благослов во време на пандемија од коронавирус.

Свештеникот ги почитуваше мерките за социјално дистанцирање, па ги испрска верниците со света вода од пластичен пиштол.

На фотографиите, објавени на страницата на парохијата на Фејсбук, се гледа дека свештеникот носи маска за лице, визир, ракавици и Библија додека ја извршува службата пред верниците кои минуваат во автомобил покрај него.

Свештеникот има и пластичен пиштол во рацете, поради што стана хит на социјалните мрежи, а тоа го потврди и неговата парохија.

Facebook

– Да, свештеникот Тим ​​користи пластичен пиштол полн со света вода – објави парохијата на Фејсбук.

Ненадејната популарност пријатно го изненади отецот, кој вели дека се гордее со својот „откачен ум“, како и со своите жупани и заедницата во таа американска држава.

Facebook

„Првобитната идеја ми беше да се направи нешто за децата на жупанијата“, рече Пелц за БазФид.

„Го чекаа Велигден кој беше поинаков од сите претходни, па помислив што уште би можел да организирам, а да ги почитувам сите норми и социјалната дистанца“, раскажува Пелц, кој тогаш заклучил дека би било добро со пиштол на вода да ги благослови луѓето.

Twitter

За да биде сигурен дека сè е според правилата, вели дека се советувал со пријател кој е доктор во брза помош во Детроит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот