Свештеник од Неготино повикува во петок и сабота цел ден да се посетува храмот!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

По јавното соопштение на Митрополитот Агатангел и Повардарската Епархија, со кое ги повикува верниците да одат во храмовите за време на верскиот празник Духовденска Задушница, и свештеници од Неготино ги повикаа верниците да доаѓаат во храмот Свети Атанасиј во Неготино, во петок и сабота, во тек на целиот ден.

-Почитувани верници! Поради новонастанатата состојба и забраната да се посетуваат гробиштата, и да се избегнат масовни собири за Задушница сите вие кои сакате можете да направите молитвен помен за покојните во храмот Св Атанасиј – Неготино во петок и сабота цел ден. Ве замолуваме да се почитуваат мерките препорачани од Владата на Република Македонија, и задолжително да се носат маски и да се држи дистанца – објави на својот социјален профил свештеникот Сараф Иванов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот