Свештеник 26 години погрешно крштевал илјадници луѓе

крштевање
Крштевање / Фото: Unsplash

Илјадници католички верници од САД можеби ќе треба повторно да се крстат откако црквата откри дека свештеник користел погрешни зборови за време на крштевањето цели 26 години, пренесуваат странските медиуми.

Свештеникот во Феникс, Андрес Аранго цели 26 години за време на обредите на првиот католички сакрамент наместо „те крштеваме во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ ги користел зборовите „те крштевам“. Имено разликата помеѓу еднина и множина е многу важна, објасни Томас Џеј Олмстед, епископ од Феникс.

„Заедницата не е таа која крштева една личност и ја прима во Црквата Христова, туку  Христос, а само Христос ги предводи сите сакраменти. Значи, Христос е тој што крштева“, истакнал Томас.

црква

Грешката на Аранго била откриена во средината на 2021 година, четвртина век откако бил назначен за свештеник, изјавила портпаролката на епархијата Кејти Бурк за „AFP“.

„Отецот Аранго не користел точна терминологија од почетокот на неговото свештенство, сè до минатото лето кога го привлече вниманието на епархијата“, истакна таа. „Немам податоци за точниот број на крстени луѓе меѓу 1995 и 2021 година, но верувам дека станува збор за илјадници“.

библија

„Откако грешката излезе на виделина, Аранго ја напушти својата работа „за да се посвети на лекување и помагање на жртвите од оваа грешка“, рече Бурк. „Епархијата тесно соработува со отец Аранг и со парохиите во кои тој претходно работел. Таму се организира повторно крштевање на сите кои биле крстени на погрешен начин.

Крштевањето е важен сакрамент за католиците бидејќи, според верувањата, само оние кои се крстени по смртта можат да одат во рајот. Проблемот е што крштевањето е првиот сакрамент, така што тие што следат не се валидни, како што е првата причест. Можно е погрешно крстениот да мора да ги повтори и останатите сакраменти.

Епархијата отвори веб-страница каде што одговара на бројни прашања од збунетите и загрижени верници. Меѓу другото луѓето прашуваат „Дали ова влијае на мојот брак“ и „Дали треба да се исповедам?“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот