СВЕШТЕНИЦИТЕ ВО АМЕРИКА ПОД ЛУПА: Шестмина уапсени под сомнение за сексуални злоставувања

Фото: Профимедиа

Отворено е обвинение за сексуални дејствија против шест католички свештеници, што е дел од пошироката истрага за однесувањето на свештениците, соопшти денеска Дана Несел, обвинителка од Мичиген.

Таа прецизираше дека обвинетите свештеници биле обвинети за повеќе видови на сексуални дејствија.

Четворица од обвинетите биле уапсени во Аризона, Флорида и Мичиген, додека за петтиот се чека неговата екстрадиција од Индија.

Шестиот свештеник добил административна казна и му била одземена лиценцата за да биде свештеник.

Несел е дел од поголемиот обвинителски тим, кој се занимава со сексуалните злосторства на католичките свештеници, откако минатата година во Пенсилванија беа објавени детали за сексуално злоставување на деца во период од дури седум децении, во кој учествувале повеќе од триста свештеници предатори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот