Свештеници држеа литургија во празната црква Светиот гроб Христов во Ерусалим

Неколкумина православни свештеници денеска служеа литургија по повод Велигден во празната црква Светиот гроб Христов во Ерусалим поради ограничувањата заради спречување на ширење на новиот коронавирус.

Црквата инаку е полна со верници и туристи за Велигден, но поради рестрикциите за патувања, воведени од Израел, верниците беа се спречени да дојдат во Ерусалим за пролетниот празник и ограниченото црковно собирање.

Литургијата беше отслужена во црквата на Светиот гроб, подигната на местото каде, според христијанската традиција, Исус беше распнат, погребан и воскреснат. Плоштадот пред црквата беше празен, а големата дрвена црковна порта затворена, но неколку верници сепак дојдоа да се молат пред неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот