Сведоштво за „Слободен печат“: Освен големата тага на лицата најмногу се гледа стравот, земјотресот го испразни Драч (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Најновиот земјотрес што се случи во 11.45, кој беше со јачина 5 степени според Рихтер, предизвика голема паника. Од Драч си заминаа и оние малку луѓе што беа останати во градот. Вака сведочеше командирот на Противпожарната бригада на Скопје, Владимир Симоновски за „Слободен печат“, кој заедно со шестчлениот тим во Скопје се враќа доцна вечер. Телефонски го прашавме каква е сликата во овој град.

Во разговор за „Слободен печат“ Симоновски вели дека овој земјотрес предизвикал деловите од оштетените згради повторно да почнат да паѓаат, заради што за кратко повторно престанала потрагата по жртвите од земјотресот.

Фото: Фејсбук

 

„Глетката овде во Драч е страотна. 90 проценти од градот е празен. И оние малку луѓе што беа останати се подготвуваат да си заминат, бидејќи новиот земјотрес предизвика уште поголема паника кај жителите. Освен големата тага, на нивните лица најмногу се гледа стравот“, вели Симоновски.

Екипата што беше три дена во Драч, a е составена од шест члена, четири пожарникари и двајца задолжени за дронот со термо камери за полесно лоцирање на жртвите од земјотресот, вечерва се враќа во Скопје.

„Работевме заедно со италијанската екипа која броеше 200 члена. Бевме логистичка поддршка затоа што тие ја имаа потребната опрема. Работевме на мапирање на места каде има жртви од земјотесот. Учествувавме во многу тажна животна приказна, во вадењето од под рушевините на деветчленото семејство од кои 7 се мртви, меѓу нив и двете двегодишни близначиња и на 22-годишна девојка. Остана жив само еден член од семејството и тој е тешко повреден, вели за Слободен печат, Владимир Симоновски.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот