Сведоштво: Новинарката Соња Николовска прими вакцина во Србија и го раскажа искуството

Стотици македонски граѓани ја искористија можноста да се имунизираат против коронавирус во Србија, и покрај неизвесноста дали ќе бидат вакцинирани и покрај тоа што немаат закажано термин, и покрај високите патни трошоци и трошоци за престој, и тоа токму поради неможноста вакцината да ја добијат во сопствената држава.

Долгогодишната новинарка Соња Николовска без многу размислување заминала во Белград и од таму носи позитивно искуство, но најважно од се, добива прва доза од вакцината на Астра Зенека.

-На мене и сопругот ни се јавија наши пријатели од Белград кои не информираа дека Институтот за јавно здравје на Србија ќе овозможи да се вакцинираме кај нив. Истите пријатели не пријавија од нивните телефонски броеви а ние добивме потврда за интерес. Тоа ни беше доволно. Следниот ден тргнавме за Србија каде што се вакциниравме и од таму имам само позитивно искуство. Метежот кој го почувствуваа нашите сограѓани за време на викендот, ние имавме среќа да го избегнеме. Таму не пречека љубезност и организираност. Домаќините беа толку гостопримливи, несебични да го споделат со нас тоа што тие го имаат а ние го немаме, а ни е потребно, го споделува искуството Николовска.

Сепак, имунизацијата со примањето на првата доза од вакцината не е завршена. Министерот за здравство Венко Филипче, сподели дека ревакцинацијата на граѓаните кои се вакцинираа во Србија, ќе се изврши во Македонија, што на граѓаните ќе им го олесни процесот и ќе им заштеди средства од домашниот буџет.

-Одлично е тоа што нема да има потреба да одиме во Србија за втората доза од вакцината.  Македонските власти треба да го следат примерот на Србија кои се покажаа искусни во спроведувањето на имунизацијата, а граѓаните да не се плашат од вакцинирањето со АстраЗенека, туку да гледаат на тоа како придобивка во искоренувањето на коронавирусот, вели Соња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот