СВЕДОШТВО НА ТАТКОТО: Го пуштив да го гледа натпреварот, дојде целиот крвав, расплакан!

принтскрин/feral.news

Таткото на едно од децата повредени во Книн, кога маскирани лица ги нападнале гостите додека го гледале мечот на Црвена Звезда, сведочи за целата случка.

– Бев дома, детето праша дали може да оди да го гледа натпреварот и јас го пуштив. После дојде целото крваво, расплакано. Кажа да заклучиме сè дома, дека ќе дојдат да нè истепаат и нас -, раскажал таткото на детето.

Неговиот син седел до вратата од кафулето кога нападнале маскираните напаѓачи. Добил удар во главата, паднал на подот, а додека лежел некој го удирал по грбот.

Кога синот раскажал што се случило дома, таткото отишол до кафулето, но додека стигнал таму веќе немало никој.

Фејсбук/Принтскрин

Згрозен од инцидентот, таткото на нападнатиот тинејџер вели дека во општина Бискупија кај Книн живеат веќе 15 години и дека ова е прв инцидент на национална основа откако се таму.

Сопственикот на кафулето Борис Петко вели дека во локалот упаднала една непозната група на млади момчиња, меѓу 10 и 15 годишна возраст.

„Луѓето со голема брзина упаднаа со фантомки и шипки. И тука настана општа тепачка. Летаа чаши, шишиња, столчиња, маси. Жените и децата врескаа – вели сопственикот кој смета дека нападот бил организиран и напаѓачите знаеле дека во кафулето се собрале Срби.

– Еден од нив веројатно дојде во извидница. Половина час пред тоа дојде, пиеше пиво, дури и не го испи и си замина нервозен. И тогаш после половина час дојде таа група. За жал, ова е Бог да чува. Луѓето да имаат таков ум да тепаат дете, да немаат респект спрема жените, децата..Јас сум навивач и секогаш ќе бидам навивач, но никаде не сум го доживеал ова – додаде сопственикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот