СВЕДОШТВО НА ТАТКОТО: Го пуштив да го гледа натпреварот, дојде целиот крвав, расплакан! - Слободен печат

СВЕДОШТВО НА ТАТКОТО: Го пуштив да го гледа натпреварот, дојде целиот крвав, расплакан!

Таткото на едно од децата повредени во Книн, кога маскирани лица ги нападнале гостите додека го гледале мечот на Црвена Звезда, сведочи за целата случка.

– Бев дома, детето праша дали може да оди да го гледа натпреварот и јас го пуштив. После дојде целото крваво, расплакано. Кажа да заклучиме сè дома, дека ќе дојдат да нè истепаат и нас -, раскажал таткото на детето.

Неговиот син седел до вратата од кафулето кога нападнале маскираните напаѓачи. Добил удар во главата, паднал на подот, а додека лежел некој го удирал по грбот.

Кога синот раскажал што се случило дома, таткото отишол до кафулето, но додека стигнал таму веќе немало никој.

Фејсбук/Принтскрин

Згрозен од инцидентот, таткото на нападнатиот тинејџер вели дека во општина Бискупија кај Книн живеат веќе 15 години и дека ова е прв инцидент на национална основа откако се таму.

Прочитајте и...  Една економија може да профитира од појавата на коронавирусот

Сопственикот на кафулето Борис Петко вели дека во локалот упаднала една непозната група на млади момчиња, меѓу 10 и 15 годишна возраст.

„Луѓето со голема брзина упаднаа со фантомки и шипки. И тука настана општа тепачка. Летаа чаши, шишиња, столчиња, маси. Жените и децата врескаа – вели сопственикот кој смета дека нападот бил организиран и напаѓачите знаеле дека во кафулето се собрале Срби.

– Еден од нив веројатно дојде во извидница. Половина час пред тоа дојде, пиеше пиво, дури и не го испи и си замина нервозен. И тогаш после половина час дојде таа група. За жал, ова е Бог да чува. Луѓето да имаат таков ум да тепаат дете, да немаат респект спрема жените, децата..Јас сум навивач и секогаш ќе бидам навивач, но никаде не сум го доживеал ова – додаде сопственикот.

Прочитајте и...  Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Прочитај повеќе

Хакери ја нападнаа хрватската нафтена компанија „ИНА“

Слободен печат

Николовски: Промена на Устав или брзи реформи и членство во ЕУ за промена на Договорот од Преспа

Слободен печат

Кина и Јапонија одложуваат важни настани поради коронавирусот

Слободен печат

Дали плаќате со пари или картичка? Еве што не тера да трошиме

Слободен печат

Николовски: Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа донесувањето на Законот за ЈО

Слободен печат

На Водно викендов изречени 76 казни за непрописно паркирање

Слободен печат

Остави Коментар

Шестнаесет − Шестнаесет =

Прочитај повеќе

Британските болници преземаат нови мерки – подготовка за можна епидемија на коронавирусот

Слободен печат

Зеќири: Отворени сме за предизборна коалиција со албански партии

Слободен печат

Југозападниот дел од Гевгелија денеска седум часа без струја

Слободен печат

Имаме 536 пожарникари помалку од законските потреби

Слободен печат

Како грчките медиуми известуваа за распуштањето на македонското Собрание

МИА Агенција

Зеќири: И покрај притисоците донесовме Закон зад кој стојат САД и ЕУ

Слободен печат