СВЕДОШТВА ЗА УРАГАНОТ ДОРИЈАН: Ако сакате да се премислите веќе е предоцна, препуштени сте сами на себе

Фото: Принтскрин

Бројот на загинати на Бахамите по ударот на ураганот Доријан се искачи на 30, соопштија порано денеска тамошните функционери.

Министерот за здравје, Дуан Сандс, за агенцијата АП соопшти дека се очекува оваа бројка „значително да се зголеми“ во наредните денови, бидејќи се продолжува и потрагата, како и спасувачките акции.

Сандс рече дека жртвите се од Гранд Бахами и островот Абако.

Ураганот Доријан го погоди островот Абако во неделата како невреме од петта категорија, а потоа и Гранд Бахами како ураган од четврта категорија.

По Бахамите се упати кон Јужна Каролина каде предизвика појава на торнада. Исто така, се доближи до островите Аутер Бенкс во Северна Каролина, на кои и се заканува со „директен удар“, иако ослабна на ураган од прва категорија.

Ураганот, со ветрови со јачина од 150 километри на час, бил лоциран денеска на 50 километри југозападно од Кејл Лукауто на островот во Северна Каролина, пренесува Ројтерс.

Се очекува уште некое време да се движи над морето, пред да стигне во Северна Каролина подоцна денеска, информираше Националниот центар за урагани од Мајами.

Повеќе од 280.000 домаќинства и компании утринава останале без струја во Северна и Јужна Каролина.

На островот Окракок, 500 од вкупно 1.000 граѓани одлучиле да останат и да се соочат со невремето на островот, изјави сопственичката на еден паб од островот Ен Варнер.

Таа забележала дека бродовите не пловат.

– Прекасно е за заминување. Ако сакате да се премислите, веќе е предоцна. Препуштени сме сами на себе – раскажува таа.

Посеверно, во Вирџинија, исто така е наредена евакуација. Ураганот прехтодно предизвикал големо уништување на Бахамите, каде итно им е потребна хуманитарна помош на најмалку 70.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот