Сведоштва од Италија: Паниката е заразна и се шири побрзо од вирусот

Фото: ЕПА

„Паниката е заразна и се шири побрзо од болеста. Мислам дека за тоа допринесуваат и медиумте и социјалните мрежи“, вели студентка од Хрватска

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се зголеми на седум, а повеќе од 220 луѓе се заразени. Многу земји во Европа ги засилија контролите на своите граници.

Во Италија полиците на продавниците се празни, одекнуваат сирените на амбулантните возила бидејќи луѓето им се јавуваат со барање да им се земе примерок за тестирање на коронавирусот.

Оваа ситуација предизвика паника меѓу жителите на Ломбардија, како и во универзитетското гратче Павиа, изјави студентка од Хрватска која се наоѓа во Италија.

Полиците на маркетите во Павиа, универзитетското гратче од некои 40.000 жители оддалечени од Милано 40-тина километри, се полупразни.

– Го земав последното пакетче тост, леб воопшто нема…Млеко има уште, жителите прво ги купиле тестенините и сосовите од домати – вели студентката Матеја Вировец од Хрватска за „Хина“, а пренесуваат хрватските медиуми.

Можеби причина за тоа е што од владата рекле дека се разгледува можноста за затворање на продавниците.

– Паниката е заразна и се шири побрзо од болеста. Мислам дека за тоа допринесуваат и медиумте и социјалните мрежи – вели таа.

Бројот на итна помош цело време е зафатен, бидејќи на жителите им е речено дека на него можат да добијат информации. Регистрирани се 5.000 повици на час, јавува пораталот за вести „TGCOM24“.

Поголемиот дел на интернационални студенти во Павиа за викендот веќе тргнаа кон своите домови, барем оние кои можеле да го направат тоа.

– Смета дека е поопасно е движењето во средствата за јавен превоз, возови, автобуси, авиони, аеродроми, отколку да останете затворени дома додека ситуацијата не се стабилицира – вели Вировец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот