СВЕДОШТВА НА НАПАДНАТИ ЛЕКАРИ: Два часа реанимирав МРТВО дете, под заложништво на роднините

Клинички центар/Фото: МИА

По неколкуте случки во кои пациенти физички нападнаа вработени во болници, лекарите на Фејсбук почнаа да раскажуваат случки во кои биле жртви на агресија на роднини на пациенти.

Лекарот Ненад Лазаров од Здружението на специјалисти и млади лекари на Фејбук раскажува непријатна случка од неговите први дежурства како млад лекар, кога бил принуден заедно со неговите колеги да реанимира дете кое во болницата било донесено починато, затоа што семејството инсистирало на тоа.

„На едно од првите дежурства како млад лекар, на раце ми донесоа мртво дете од 5 години удрено со комбе, го донесоа тие од комбето, имаше поминато еден час од сообраќајката…
Веднаш по нив, со 5-6 коли дојде пола семејство, кој од кој поагресивен, па под директна закана по живот, мој и на колешките со мене, бев принуден да реанимирам егзитиран пациент со политрауми повеќе од 2 часа, со цел чопор цивили околу мене, кои во меѓувреме ја демолираа ординацијата, искршија врати, паравани, хаос…
Класични заложници бевме 2 часа. Обезбедување нема никакво, не се ни сеќавам како успеавме да повикаме полиција, не посакувам на никого да му се случи… Каде е мојата вина во случајов, со што го заслужив тоа “, прашува Лазаров.

Непријатна случка споделува и неговата колешка Лилјана Којиќ, која откако долги години работеше како педијатар на интензивна нега, сега е матичен лекар.

„Тој ден, пред многу години некаде ова време (крај на август, почеток на септември), бев дежурна на ЕИНТ на Клиниката за детски болести. Од еден медицински центар итно ми пристигна детенце, старо 2 години, кои родителите го затвориле на нива во автомобил на 35 Ц степени 2 часа, и предизвикале фатално оштетување на мозокот.. Луѓето од медицинскиот центар се надминале и себе си и скудните можности кои ги има нивната болница, во обид да му помогнат: анестезиолог го интубирал, стабилизирал, поставил венска линија, и на рака го вентилирал заедно со сестрата цели 3 часа до Скопје. Пристигна комплетно витално стабилно, но за жал во арефлектична кома. Имав луда среќа веднаш да обезбедам транспортен респиратор, и за да не губам време, го искористив возилото на медицинскиот центар и право на хирургија за КТ скен., кој покажа масивен САХ. За жал не можеше да направи ништо, поради не операбилноста на таа кондиција. Детенцето уше пред да се јави во болница во родниот град, за жал беше во мозочна смрт, која потоа неколкукратно беше документирана и со рамни линии на ЕЕГ записот. Имавме дијагноза, со нашите скромни тогашни можности за неполн половина час. Попусто. Оштетено беше додека спиело во автомобилот. Кога излегов ова да им го соопштам на родителите бев изложена на таква агресија, каква што не сум доживеала до тогаш. Да биде работата пострашна тука се приклучија извесен број медиуми, кои 2-3 недели им помагаа на родителите да продолжат и медиумски ме злоупотребуваат.Ако седнам да пишувам колку пати сите ние, вработените во тој оддел, и најмирните и најмирољубивите помеѓу нас, сме имале насилни инциденти, каде сто сме морале да викаме полиција, можам да напишам цел роман и да снимам ТВ серија. Тој ден донесов одлика да ја напуштам интензивната нега, и мојата голема животна љубов и мојата успешна кариера во неа, и да одам да работам работа, која може да ја работи и млад лекар, со многу помалку вештини и обука од мене.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот