СВЕДОК ВО „ТИТАНИК“: За лични карти фотографиравме лица од Пустец без лични документи

Eднa од сведоците на денешното судење за „Титаник“, која била вработена во МВР, во одделот за издавање на лични карти, појасни како кон крајот на 2012 и почетокот на 2013 година биле сликани граѓани од Пустец, Мала Преспа, без да ја поседуваат потребната документација, а за добивање на лична карта од Скопје.

– Од редовната процедура беше отстапено во периодот од крајот на 2012 година до почетокот на 2013 година. Во тој период мојата началничка ме повика и ми кажа дека треба да бидат сликани лица кои во моментот нема да ја имаат потребната документација. Ми кажа дека наредбата стигнала од Кирил Тодоровски, советник на тогашната министерка Гордана Јанкулоска – рече сведокот Светлана Димчева.

Таа дополни дека не и било лесно да ја прифати информацијата, но било ветено дека документацијата ќе се донесе отпосле.

-Беа повикани колегите Феркус Али и Али Емес. Ни беше кажано дека лице одговорно за носење на овие граѓани ќе биде Мунир Пепеиќ, рече сведокот.

Таа на прашање на обвинителката Лиле Стефанова, колку лица биле сликани на овој начин, рече дека не може да одговори прецизно, но истакна дека луѓето биле од Пустец, Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот