Сведоците го расветлуваат убиството на лидерот на навивачите на Партизан?

По ликвидацијата на лидерот на еден огранок на навивачката група на фудбалскиот клуб Партизан од Белград, оперативците на српското МВР имаат индиции за тоа кој го застрела Љубомир Марковиќ Киќа пред спортски балон во беградската населба Вождовац, пренесува српски „Курир“.

На основа на изјава на сведоците и анализата на необјавени снимки од безбедносни камери, направен е фото-робот од убиството, а се собираат и уште некои докази. За апсење на осомничениот потребно е да се направат уште некои вештачења и да се соберат дополнителни материјални трагови, дознаваат српските медиуми.

Дополнително, во тек е и идетификација на оние кои му помогнале и му пружиле логистичка поддршка на директниот извршител на егзекуцијата.

Убиецот со поголем капут се обидел да се сокрие, но се верува дека го оддаваат неколку детали. Тој карактеристично оди, а исто така за време на егзекуцијата не го сокрил своето лице.

Локалните медуми проценуваат дека Марковиќ го препознал убиецот, а од неговите пријатели полицијата барала да ја прегледаат необјавената снимка за случајно да не забележат некој детал кој може да го открие сторителот.

Истрагата на полцијата е насочена и на луѓето кои веројатно се сретнале со Марковиќ во затвор, каде помина девет и пол години по пресудата за убиството на францускиот навивач Брис Татон.

Постои можност убиецот да престојувал со него зад решетки, а кога Марковиќ го погледнал се посомневал поради неговото присуство, па затоа е единствен од сите луѓе на снимката кои пробува да избега пред тој да се приближи до него и да го извади оружјето.

Додека Марковиќ стоеше пред балонот за мал фудбал со група на луѓе, напаѓачот му се доближи одзади и со капа.

На снимката исто така може да се види дека Марковиќ го забележува пиштолот на напаѓачот, или го препозна, па се обиде да избега кон блиската бензинска пумпа преку улицата, но неуспешно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот