Сведоци од УБК ќе сведочат на рочиштето за предметот „Тврдина-Таргет”

Фото: МИА

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжуваа судењето за предметот „Тврдина-Таргет”. Предметот е во фаза на презентирање сведоци.

За денеска е предвидено да сведочат сведоци од УБК. Досега во оваа постапка имаат сведочено свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Костовски, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, поранешниот премиер Зоран Заев и други лица.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.

Предметот го води Кривичниот совет составен од судијата Џенета Бегтовиќи и Владимир Туфегџиќ.

Обвинението е застапувано од обвинителите Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот