Сведочење на наследникот на Панчевски: Ми укажаа дека предмети се давале на рака на судии, така се практикувало и порано

Фото: Архива на „Слободен печат“

Судијата Стојанче Рибарев, кој беше претседател на Кривичниот суд кога се открија злупотребите со АКМИС системот денеска сведочеше во велешкиот суд каде му се суди на неговиот претходник, Владмир Панчевски.

-Судиите Весна Димишкова и Славица Андрeева писмено се пожалија дека податоци за нивната работа извлечени од АКМИС системот не соодветствуваат со реалноста, рече Рибарев, јавува Телма.

Повеќемина судии му укажале кога дошол на функција дека некои предмети се давале на рака на судии и дека така била претходната пракса.

Судијата Васил Димковски пак се пожалил дека има случаи кога не се даваат предмети по распоредот на судот. И во извештајот на скопскиот апелационен суд било утврдено дека не се делат предмети по АКМИС туку по стар ЗКП, сведочеше Рибарев.

Инаку претходно Панчевски се пожали дека немал доволно време да се подготви за судењето. Не го разбирал обвинението па поради тоа судијата мораше одново да му го образложува. И покрај тоа рече дека не може да каже дали се чувствува за виновен. Неговите адвокати пак бараа да му биде укинат притворот бидејќи имале информации дека тој сè уште е вработен во ОС СК 1 и со тоа има имунитет на судија.

Панчевски беше спроведен од затворот во Шутка. Тој е во притвор од 15 јули откако се пријави сам во затворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот