Сведочења на Михајловски и на Пандов за „27 април“: Самоиницијативно дававме поддршка

Фото: mia.mk

Актерот Тони Михајловски и политичкиот аналитичар Александар Пандов, на денешното рочиште за организаторите на упадот во Собранието, сведочеа дека учествувале и дале поддршка на протестите, но самоиницијативно, како обични граѓани.

Повеќе од сведоците, исто така, рекоа дека не биле членови на вибер групи во кои имало комуникација за протестите, како и дека Спиро Ристовски немал никакви партиски функции.

На следното рочиште се повикани повеќе сведоци, предложени од одбраната на Спиро Ристовски, меѓу кои и Емил Димитриев, Митко Чавков и Кирил Божиновски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот