Сведочења на евакуираните Срби од Кина: Вухан навистина е град на духови, во Шангај ситуацијата не е толку драстична

Евакуираните Срби ја опишаа ситуацијата во Кина, поточно во Шангај и Вухан, откаде беа евакуирани. Душан Ѓилиќ, кој инаку живее во Шангај, рече пред јавноста дека бил во посета на Вухан и таму го затекнал почетокот на епидемијата.

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ги прими четворицата Срби кои првенствено беа евакуирани од епицентарот на епидемијата на коронавирусот Вухан, а потоа поминаа две недели во карантин во Франција.

Евакуираните Срби ја опишаа ситуацијата во Кина, поточно во Шангај и Вухан, откаде беа евакуирани. Душан Ѓилиќ, кој инаку живее во Шангај, рече пред јавноста дека бил во посета на Вухан и таму го затекнал почетокот на епидемијата.

– Ситуацијата беше морничава, тоа е град на духови. Во Шангај не е толку драстично, но движењето е многу ограничено – рече тој.

Стефан Војниќ, уште еден од евакуираните српски државјани рече дека условите во карантинот биле релативно добри и дека најтешкото било тоа што просторот бил ограничен. Тој додаде дека не видел ниту еден човек што е заразен.

Уште еден од евакуираните е и Александар Калаба, кој посочи дека сите имале храброст и трпение во целата ситуација, и се надеваат дека кинескиот народ ќе се избори со овој проблем.

„Навистина сакам да им се заблагодарам на луѓето од француската амбасада и на луѓето кои ни испраќаа пакети за полесно да го поднесеме карантинот“, рече тој. Дополни дека ниту тој лично не видел некој заболен, а со присутните сподели анегдота кога некој од пријателите посакал да се види со него, но потоа му испратил порака дека не му се сеедно, секако поради коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот