12 C
Скопје

Свеченост во Владата: Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ (acquis), како еден од најважните предуслови за членство на земјава во Европската Унија (ЕУ).

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на свеченото потпишување во Владата присуствуваа и претставниците на економските оператори на кои претставничките од СЕП, државната секретарка Калинка Габер и раководителката на секторот за подготовка на националната верзија на acquis (правото на ЕУ) Слаѓана Ангелова, им ги предадоа копиите од Рамковната спогодба.

Во воведното обраќање, вицепремиерот Димитров нагласи дека acquis-от или правото на ЕУ, е корпус на заеднички права и обврски што се обврзувачки за сите земји членки на ЕУ, а земјите кандидатки мора да го транспонираат во националното законодавство како темел на европската интеграција.

Прочитајте и...  Тажна вест: Новинарот Драган Ристов ја изгуби битката со ковид-10

– Ако овој термин, acquis, во корените на своето значење од францускиот јазик, всушност претставува „знаење, стекнато право или наследство”, преку неговиот превод на македонски јазик ние создаваме наследство за нашата иднина и иднината на нашите поколенија. Наследство кое значи дека македонскиот јазик ќе стане рамноправен член во семејството на Европската Унија, нагласи Димитров.

Тој потенцира дека СЕП интензивно започнува со една од фазите на транспозиција на правото на ЕУ во националното законодавство, а тоа е преводот, кој во случајот ќе биде многугодишен и најобемно реализиран превод воопшто во историјата на специјализираниот превод кај нас. За таа цел, по пат на јавна набавка и транспарентно, врз основа на еднаков третман беа избрани 15 економски оператори за превод, кои ќе треба да испорачаат најквалитетни резултати во контекст на превод на правото на ЕУ.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Илијевски: Бараме граѓаните кои на пописот во Србија се изјасниле како Македонци да добијат државјанства

– Со отпочнување на овој процес на преводот на правото на ЕУ, СЕП не само што ќе го раздвижи развојот на економските оператори за преведување и нивното усовршување, туку развојот и зрелоста на овој долгогодишен проект ќе бидат тесно испреплетени со нашата политика и заложба за развој на македонскиот јазик и терминологија. Затоа што, во коренот на нашиот јазик лежи и нашиот идентитет и тие две одлики мора соодветно да се негуваат и да се сочуваат со широк приод и мудри политики, додаде Димитров.

Поврзани вести

Бесими: Постигнавме пониска каматна стапка за еврообврзбицата од многу европски земји со повисок кредитен рејтинг

Слободен печат

Зедер: Да не се политизира одобрувањето на „Спутник V” во ЕУ

Слободен печат

Роверот на НАСА првпат се движеше по површината на Марс

Слободен печат

Зедер: Да не се политизира одобрувањето на „Спутник V” во ЕУ

Слободен печат

Сава Јањиќ: Љубовта на Атанасије кон Косово беше неизмерна

Слободен печат

Нова студија може да ја покаже ефикасноста на „АстраЗенека“ против бразилската мутација

Слободен печат

Остави Коментар