Свечено затворени Олимписките игри: Довидување Токио, се гледаме во Париз 2024

EPA-EFE/TIBOR ILLYES

Летните олимписки игри во Токио денеска и официјално се завршени со свечена церемонија откако по 16 натпреварувачки денови, олимпискиот оган беше изгасен со што беше спуштена завесата на најголемиот и најпрестижниот спортски настан.

Традиционално, Игрите се затворија на свечена церемонија на која присуствуваа спортистите кои останаа до последниот ден.

EPA-EFE/WU HONG

Откако спортистите влегоа на Олимпискиот стадион во Токио, започна свечената церемонија на која дури беа доделени и медали и тоа на победниците на маратонските трки во машка и женска конкуренција. Тие медалите ги добија од претседателот на ИОК, Томас Бах.


Со гасењето на олимпискиот оган, значи дека „духот“ на Игрите се пренесува на следниот домаќин, Париз кој за три години ќе ги пречека најдобрите спортисти на светот.

EPA-EFE/YONHAP

Јапонија се покажа како одличен домаќин во време кога светот е погоден од пандемијата на коронавирусот и Игрите се одржуваа по ригорозни правила, но и во таква ситуација, организаторот се погрижи се да помине во најдобар ред.

По говорот на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, следеше најважниот чин на церемонијата, гасењето на олимпискиот оган и предавањето на олимпиското знаме на идниот организатор на ЛОИ, Париз.

EPA-EFE/ZSOLT CZEGLEDI

Македонија на Игрите во Токио оствари историски успех, таеквондистот Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал и го освои првиот медал по пауза од 21 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот