Свечената церемонија на отворањето на Игрите во Париз 2024 ќе биде на Елисејските полиња?!

EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Иако Олимписките игри во Токио се на самиот почеток, организаторот на наредните Игри веќче работи на организација на најголемиот спортски настан.
Нареден домаќин на Олимписките игри кои ќе се одржат 2024 година ќе биде Париз, а неодамна францускиот претседател Емануел Макрон најави дека свечената церемонија на отворањето на Игрите ќе се одржи на Елисејските полиња.

Ова го најави и претседателот на организацискиот одбор на Игрите во Париз, Тони Естанже.
– Не подготвивме изненадувања само за свечената церемонија на отворањето на Игрите, туку за Олимпијадата во целост. Целиот настан ќе биде спектакуларен. Сакаме да го сместиме спортот во култните париски простори, на пример во подножјето на Ајфеловата кула, во Версај, на Елисејските полиња... Во секој случај, церемонијата на отворањето ќе биде важен дел од Игрите, па поради тоа подготвуваме нешто специјално. Нашата цел на спортистите од целиот свет да им понудиме едно од најголемите животни искуства, нивниот настап ќе го проследат стотици илјади париски фанови. На наредната Олимпијада во Париз ќе можете да ги видите, Сена, Лувр и Ајфеловата кула – изјави Естанже за „Евроспорт“ кој додаде дека ОИ во Токио нема да бидат лесни за спортистите бидејќи ја немаат поддршката од трибините.

– Претходните две сезони беа многу тешки за спортистите, но тие мора да го дадат својот максимум сега и да се адаптираат на актуелната ситуација. Тоа што ми се допаѓа во Токио и што го заклучив по разговорот со самите спортистите и дека се задоволни и среќни што се дел од Олимписките игри и што ги остварија своите соништа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот