Свечена велигденска литургија вечерва во грчките цркви

Фото: Unsplash

Според медиумите во Грција, во циркуларното писмо од атинската Архиепископија, што било испратено до црквите и манастирите, вечерва свечената божествена литургија ќе биде иста како и во сабота на Велигден.

„Христос Воскресе”, се очекува денеска на полноќ да се слушне во грчките цркви за време на свечената велигденска литургија и светото бдение посветени на Воскресението.

Со оглед на тоа дека црквите во Грција, за Велигден останаа затворени за верниците, Светиот синод на Грчката православна црква, на 2 април 2020 година, соопшти дека доколку помине опасноста од новиот коронавирус, тогаш ноќта меѓу 26 и 27 мај ќе се одржи свечена литургија за Воскресението, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите во Грција, во циркуларното писмо од атинската Архиепископија, што било испратено до црквите и манастирите, вечерва свечената божествена литургија ќе биде иста како и во сабота на Велигден.

Во Соборниот храм во центарот на Атина, ќе чиноначалствува грчкиот Архиепископ Јеронимос и ќе биде доставен и Благодетниот оган, кој од Израел пристигна во Грција на 18 април годинава.

Согласно министерска одлука, потпишана од надлежните министри од 17 мај до 5 јуни 2020 година, литургиите во црквите во Грција се отворени за верниците,но под конкретни мерки и правила: контрола при влегувањето, одржување растојание од еден и пол метар, антисептик на влезот.

Дозволениот број верници во внатрешноста е во зависност од големината на црквата, односно едно лице на десет метри квадратни. Доколку црквата е над 500 метри квадратни, дозволени се 50 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот