Свечена промоција на подофицери

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во касарната „Алексо Дамниевски Бауман” во Велес денеска ќе се одржи свечена церемонија за завршувањето на основниот курс за подофицери и промоција во прв подофицерски чин на 149 припадници на Армијата.

На активноста ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Како што информираат од Министерството за одбрана, пред новопроизведените подофицери свое обраќање ќе имаат министерката Петровска и командантот на Командата за обука и доктрини, како надлежна Команда за реализација на курсот, полковник Васко Коколански.

Покрај доделувањето на првиот подофицерски чин, како што посочуваат од Министерството за одбрана, ќе бидат соопштени и тројцата најдобро рангирани подофицери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот