Свечена манифестација во вилата „Водно“ по повод Илинден – Слободен печат
ВестиМакедонија

Свечена манифестација во вилата „Водно“ по повод Илинден

На неа ќе се обратат претседателот Пендаровски и претставник на главниот одбор на Сојузот на борците.

Во кабинетот на претседателот на Македонија,во Вила Водно, со почеток во 11:30 часот ќе одржи свеченост по повод државниот празник 2-ри август – Ден на републиката.

На неа ќе се обратат претседателот Пендаровски и претставник на главниот одбор на Сојузот на борците.

Претходно, во Алејата на великаните, на градските гробишта Бутел во Скопје, претседателот заедно со претставници на Сојузот на борците, во 10 часот ќе положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ, а ќе се поклони и ќе оддаде почит и на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close