Сваровски судијата не може да пресуди против тие што го избрале, вели адвокатот на Русковска

Ќе видиме какво ќе биде образложението во писмената пресуда и ќе се жалиме. Доколку се служиме со јазикот на ВМРО-ДПМНЕ за јавна критика и сарказам, произлегува дека сваровски судијата избран од тефтерчето сепак не може да пресуди против тие што го избрале и уште го држат за уши, изјави Панче Ефтимов, адвокатот на Русковска по изрекувањето на пресудата на Граѓанскиот суд кој денеска ја одби тужбата на шефицата на Обвинителството за организирам криминал и корупција Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ.

Таа ја тужеше партијата за клевета за користење на нејзиниот лик во два предизборни спотови.
Русковска во тужбата имаше наведено дека за време на емитувањето на спотовите со неа од страна на ВМРО-ДПМНЕ, таа преживеала анксиозност, душевна болка, загриженост.

Обвинителката бараше отштета од 10.000 евра од тужените, кои рече дека ќе ги донира во Детско село.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот