Сван: Жал ми е Лазаров, заслужи кариерата да ја заврши на терен…

Кирил Лазаров поради повреда не игра на ЕП/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва со натпреварот против Данска го завршува настапот на Европското првенство.

Настапот на ЕП во Унгарија и Словачка требаше да биде последно во неверојатната кариера на Кирил Лазаров, но повредата на еден од последните тренинзи пред стартот на ЕП го остави најдобриот македонски ракометар на сите времиња без настап во Дебрецин.

Десното крило на данската репрезентација, Ласе Сван (38), на кого ова му е последно ЕП, за ТВ2 вели поинакви ќе беа игрите и резултатот на Македонија доколку на теренот беше Лазаров.

-Искрено ми е жал за Кире Лазаров. Тој имаше толку долга и блескава кариера, заслужи да ја заврши на вистински начин, на терен а не вака… И покрај неговата возраст, сигурен сум дека ќе го кренеше нивото на игра на македонската репрезентација. Лазаров е искусен ракометен џентлмен кој знае се за овој спорт и сигурно ќе им помогнеше на Македонците. Неговото неиграње е голема штета, како за самиот играч, така и за целокупната репрезентација – изјави Сван за данската телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот