Свадбата е откажана, но Џенифер Лопез сепак облече венчаница

Instagram
Instagram

Атрактивната пејачка и актерка, 51-годишната Џенифер Лопез предизвика бура од реакции на социјалните мрежи облекувајќи секси венчаница со провокативно деколте.

Убавата Џеј Ло, за која многумина сметаа дека е една од најубавите жени во светот, редовно добива бројни комплименти за нејзината фигура и младешки изглед.

Instagram
Instagram

Латино заводничката не пропушти да ја прослави Ноќта на вештерките во својот дом, па подготвено скокна во секси венчаница.

Instagram

Фановите одговорија со бројни комплименти, а некои се прашуваа дали можеби Џенифер со овој моден избор надоместува за нејзината венчавка, бидејќи таа и свршеникот Алекс Родригез мораа да ја одложат поради глобалната пандемија.

Instagram
Instagram

Во секој случај, Џеј Ло избра интересен костум за Ноќта на вештерките, а тоа е фустанот на Мадона што го носеше во видеото за нејзиниот голем хит од 80-тите „Like a Virgin“ со карактеристичен корсет и појас со натпис „Boy Toy“. 

„Убава“, „Прекрасна“, „Кралицата Џеј Ло“, „Најдобра“, беа само дел низата комплименти кои се редеа под фотографиите.

Instagram
Instagram

Алекс Родригез, пак, беше маскиран во легендарниот рокер Брус Спрингстин, а неговиот колега, играчот на „The White Sox’s “, Ник Силва, беше маскиран во раперот „Bad Bunny“.

Инаку, Алекс Родригез, поранешен бејзбол играч, ја запроси Џенифер минатата година по двегодишна врска. Гламурозната венчавка што требаше да се одржи ова лето, но парот одлучи да се откаже во април поради глобална пандемија. Како што беше напишано, венчавката требаше да се одржи во Италија, а нејзиниот син Макс требаше да ја придружува до олтарот.

Instagram
Instagram

Тоа треба да биде четврти брак на познатата актерка и пејачка која има две деца од бракот со музичарот Марко Ентони: близнаците Макс и Ема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот