Свадба со 120 гости вчера во Добридол, полицијата го затвори угостителскиот објект

unsplash
Фото Архива

Угостителски објект во гостиварското село Добридол е затворен бидејќи во него била организирана свадба со околу 120 гости.

Полициски службеници и инспектори од Пазарниот инспекторат излегле на лице место по дојава во 18:50 часот вчера во полициското одделение Галате.

Според информациите од билтенот на Министерството за внатрешни работи, свадбата ја организирал М.И. (55), а угостителскиот објект е сопственост на М.И. (33).

„На 01.11.2020 во 18.50 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, сопственост на М.И.(33) од ова село, била организирана свадбена веселба од М.И.(55) од с.Врапчиште, гостиварско, на која присуствувале околу 120 гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат излегле на местото на настанот и објектот бил затворен, а ќе следат и  соодветни поднесоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот