Свадба на островот Свети Стефан – Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ го жени синот

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот на Црна Гора и лидерот на владејачката Демократска партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, денеска на Свети Стефан го жени синот единец Блажо, пренесуваат црногорските медиуми.

Младиот бизнисмен ќе се ожени со својата повеќегодишна девојка Милена Поповиќ од Зета, во близина на Подгорица.

Списокот на гости и деталите од свадбата засега се држат во тајност, но се очекуваат голем број на звучни имиња од политиката и светот на бизнисот, како и претставници на културниот и јавниот живот.

Гала свадбата на Свети Стефан го привлече вниманието на многу портали ширум регионот.

Како што пишуваат локалните медиуми Блажо Ѓукановиќ со години има успешна кариера во со бизнис во секторот за енергетика и неговите две компании имаат милионски профити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот