Сузана Турунџиева за „Слободен печат“: Јас и Атиџе сме добри и безбедни, сочувствуваме со настраданите во трагедијата во Бугарија

Најмалку 45 лица, меѓу кои 12 деца, загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запали автобус со македонски таблици што сообраќал на релација од Истанбул до Скопје.

По тешката сообраќајна несреќа, многу загрижени и исплашени луѓе од сите страни на светот, се јавуваат на своите роднини и пријатели во Македонија, кои овие денови патувале на оваа релација, за да дознаат дали се добри и безбедни нивните блиски.

Пејачката и водителка Сузуна Турунџиева која со Атиџе Муратова деновиве престојуваше во Истанбул, Турција, од утрово добила десетици загрижувачки повици, вели за „Слободен печат“, кои загрижени ја прашувале дали и тие се наоѓале во истиот автобус. 

Автобусот влегол во Бугарија од Турција преку ГП „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 02 часот на автопатот „Струма“ на правецот Софија – Благоевград.

Како што вели Сузана во изјавата за „Слободен печат“, тие во исто време се враќале од Истанбул, кога се случила страотната несреќа, но Сузана и Атиџе патувале со автомобил, преку Грција.

Сузана вели дека бројни нејзини роднини и познаници, кога дознале за трагедијата во Бугарија, а знаејќи дека Сузана и Атиџе се враќаат истиот ден од Истанбул, загрижени и во паника непрекинато ја барале за да ја прашаат каде се наоѓаат и како се.

За да ја смири загриженоста и вознемиреноста кај луѓето, Сузана објави и статус на Фејсбук во кој порача:

 

ФОТО | Атиџе и Сузана во Истанбул: Хероината од филмот „Медена Земја“ последен пат била во Турција во далечната 1994 година со својот татко