Сузана Турунџиева ѝ го честиташе роденденот на својата мајка со зборовите на Атиџе: Мајката и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе ѝ останеш…

Instagram
Instagram

Хероината од филмот „Медена земја“ Атиџе, последната жена – одгледувач на диви пчели во Европа, живееше сама со својата мајка се до нејзината смрт.

Како и Атиџе така и Сузана Турунџиева ја користи секоја прилика да ѝ се заблагодари на нејзината мајка која како што вели „беше до мене и тогаш, кога околу мене немаше никој“.

По повод роденденот 80–иот роденден на госпоѓа Турунџиева, мајката на Сузана, Атиџе и нејзината помала внука ѝ приредиле прослава во домашни услови.


Сузана сподели фотографии од денот со емотивни пораки посветени на нејзината мајка:

Мојата мајка е таква мајка, да кога зборувам за неа треба да стојам простум… Што би рекла наша Атиџе: Мајката, и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе ѝ останеш…

Среќен 80ти роденден мајко моја, ти благодарам што беше до мене и тогаш, кога околу мене немаше никој… Биди ми тука уште многу долго, напиша Сузана под фотографијата од нејзината мајка во друштво на нејзината помала внука и Атиџе Муратова.

Сузана објави уште една фотографија на која ја прегрнува својата мајка, а под објавата напиша:

Некој(а) ТВОЈ(А) е некој кој те разбира и чувствува (дури и од далечина) за нијанса подобро од тоа што самата можеш да се разбереш и почувствуваш себеси…

Се останато се само: момци, девојки, соседи, колешки, колеги, радознали, гајлеберачи, ортаци, вереници, мажи, жени, симпатии, бивши и идни… И психотерапевти, стои во описот на фотографијата која Турунџиева ја објави на својот инстаграм – профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот