Сузана Манчиќ: За осум дена ослабев пет килограми, еве што треба да јадете

сузана манчиќ
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Сузана Манчиќ (64) за само осум дена ослабела пет килограми. Поранешната лото девојка изјави дека била на т.н. диета за липосукција.

 

Instagram

 

Утрото го започнувам со топла лимонада и кесичка додатоци со сите потребни минерали и витамини. Истото го пијами за ручек. Ако огладнам, дозволено ми е да јадам само една свежа краставица. Ова е т.н. диета за липосукција, која ја држам осум дена. Имав 80 килограми, а целта ми е да стигнам до 70. На добар пат сум, сега вагата покажува 75 килограми“, раскажала Сузана.

 

Instagram

 

Луѓето се изненадени зашто во оваа диета, најобемниот оброк е вечерата, но верувајте ми дека функционира! Шеќер не доаѓа предвид, дури и овошје е забрането. Од зеленчукот, дозволено е само зелено: брокула, рукола, зелена салата и спанаќ! Јадам и парче риба или црвено месо. Можам да пијам чај и кафе во текот на целиот ден, се разбира без шеќер. Дозволено ми е и чаша вино, но само еднаш неделно“, додала таа.

Сузана тврди дека има многу енергија, иако станува збор за строга диета.

 

Instagram

 

Имам енергија цел ден. Не ми е дозволено да тренирам и да трчам, ми се препорачува само лесна прошетка или масажа. Ја забележувам разликата во тежината според гардеробата, која до неодамна ми беше прилично тесна. Сега можам да носам сè што до пред дена го избегнував во плакарот“, истакнала Манчиќ.

 

Instagram

 

Јас сум голем хедонист, сакам да јадам сè, но морав да се ставам на диета кога видов дека ставив повеќе од 10 килограми. Јас сум ТВ лице. Од мене се бара да изгледам добро, но да се разбереме, не сакам манекенско тело. Треба да се земат предвид мојата возраст и здравје, така што нема да претерам со губење на тежината“, отворено раскажала таа.

 

Instagram

 

Сузана вели дека својата храна ја носи дури и кога оди кај пријатели на вечера.

Сите ми се смееја кога почнав да го правам тоа. Но, јас сум карактер и нема да ги кршам правилата. Не си давам пауза, ниту еднаш не јадев месо на скара или слатки за време на диетата. Тоа би уништило сè“, беше искрена Сузана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот