Сувите лисја и остатоците од бавчите, предизвик за одржувачите на хигиената во градот

Органски отпад, Фото: Слободен печат/Елена Вељановска

Остатоци од растенијата од бавчите, но и од цвеќињата во дворовите, суви лисја од дрвјата, иссечени гранки од грмушки… Ваков тип на отпад во огромни количини може да се забележи во сите скопски општини.

Иако од ЈП „Комунална хигиена“ го собираат ваквиот тип на отпад, сепак, на терен честопати нивните екипи се соочуваат со проблем околу неговото неправилно одлагање околу садовите за смет. Имено, според препораките од ова јавно комунално претпријатие, граѓаните кои имаат ваков тип на отпад, потребно е да го исечат соодветно, да го наредат, а потоа и да го заврзат за негово полесно товарање. Така подготвениот органски отпад, може слободно да се стави до кантата за комунален отпад и екипите на ЈП „Комунална хигиена“ на тој начин многу побрзо и полесно ќе го отстранат, а потоа и соодветно ќе го депонираат.

За жал, иако од година во година свеста кај населението околу третирањето и складирањето на овој вид на отпад, кој е карактеристичен за овој период од годината расте, сепак за жал, на огромен број локации во градот можат да се забележат и диви депонии создадени од лисја или пак од органски отпад.

– ЈП „Комунална хигиена“ во овој период на годината се соочува со зголемени количества на градинарски отпад. Апелираме до нашите корисници, ваквиот тип на отпад да не го исфрлаат во контејнерите или пак на јавни површини, туку истиот уредно спакуван да го одложат непосредно до поставените садови за исфрлање комунален отпад, така што истиот без проблеми ќе биде подигнат и транспортиран од страна на нашите екипи – велат од ЈП „Комунална хигиена“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот