Суверен фонд што тежи 1,15 трилиони долари: Норвешката Влада повеќе сака да инвестира во американски акции отколку во европски

Фото: EPA-EFE/Hakon Mosvold Larsen, NORWAY OUT

Норвешкиот суверен фонд, вреден 1,15 трилиони долари, треба повеќе да се пренасочи кон инвестиции во САД и во Канада, отколку во Европа, предложи денеска малцинската Влада во Осло.

Таквиот предлог што бил доставен до Парламентот по препорака на норвешката централна банка која управува со фондот, на крајот може да резултира со трансфер на повеќе од 100 милијарди долари во американски акции.

– Измените што ги предлагаме ќе обезбедат подобра распределба на инвестициите во создавање додадена вредност во компаниите кои котираат на глобално ниво, нагласи министерот за финансии Јан Торе Санер.

Најголемиот светски суверен фонд традиционално им даваше приоритет на европските берзи, со фокус на земјите со кои Норвешка најмногу тргува, а помалку на земјите во Северна Америка.

Фондот во моментот поседува околу 1,5 процент од сите акции на глобално ниво, при што неговиот сопственички удел во компании во Европа изнесува 2,6 проценти од сите акции,и нешто повеќе од 1,0 проценти во САД, се наведува во информацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот