Суспензија од девет месеци: Игрите во Токио без поранешен европски шампион

Фото: EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Поранешниот првак на Европа на 400 метри со пречки, Карим Хусеин нема да учествува на Олимписките игри во Токио.

Тој денеска беше суспендиран на дури девет месеци откако беше откриено дека користел недозволени средства.

Ова не е првпат Хусеин да биде позитивен на некои недозволени супстанции, но овој пат тој е лишен од можноста да учествува во најголемото спортско натпреварување на планетата.

– Мојот сон за Олимписките игри во Токио заврши. Јас сум суспендиран на девет месеци. Една пастила содржела недозволена супстанца. Направив грешка со тешки последици и жал ми е за тоа – напиша Швајцарецот на Твитер.

Тој беше европски шампион во 2014 година, не е познато дали некој ќе го замени во швајцарскиот тим.

Отстранет од олимпискиот тим на Австралија поради кокаин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот