Суспендирани полицајците-митаџии од Блаце, добија и кривични пријави

Фото: илустрација / архива на „Слободен печат“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство против полициските службеници Е.Ш. и З.Р. ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп”, а ќе биде покрената и постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Потегот доаѓа откако телевизијата „Клан“ објави тајно снимено видео од началникот на Блаце, на кое се гледа како тој зема поткуп.

Како што соопшти МВР, полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството.

-Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Република Косово и Република Албанија, го документираше кривично правниот настан и изврши службени разговори со полициските службеници, информира МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот