Суспендирана одлуката за повторно воведување карантин во дел од Шпанија

Шпанското правосудство денеска ја укина одлуката за повторно воведување карантин за населението во Леида и околината.

Воведувањето карантин беше наложено во неделата од страна на локалните власти на провинцијата Каталонија, поради ширењето на коронавирусот.

„Судот на Леида одлучи да не ги потврди мерките преземени од локалните власти затоа што тие се спротивни на законот”, соопшти Високиот суд на Каталонија.

Оваа одлука за суспендирање на карантинот може да биде обжалена.

Локалните власти наредија 200.000 жители да бидат ставени во карантин од полноќ во недела, поради повторното ширење на коронавирусот во тој дел од земјата.

По наглото опаѓање на бројот на заразени и починати во Шпанија, која беше една од најпогодените земји во Европа со повеќе од 28.400 смртни случаи, повторно се појавија жаришта на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот