Суспендиран тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, поради изјава

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо/фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Тренерот на турскиот фудбалски клуб Фенербахче, Жозе Мурињо е суспендиран откако изјави дека „судијата смрди“.

Фудбалската федерација на Турција го суспендираше Португалецот на еден натпревар, па тој нема да биде на клупата на својот тим против Сиваш.

По победата од 3:2 над Трабзон, Мурињо беше лут на судиските одлуки.

– Играч на натпреварот беше Атила Каролан, судијата во ВАР просторијата. Не го видовме, но всушност беше судија. Тој од невидлив стана најважниот човек на теренот. Мислам дека зборувам за сите навивачи на Фенербахче. Не сакаме повеќе, не сакаме, затоа што смрди. Не го сакаме ниту на теренот ниту во ВАР-собата – изјави Мурињо.

Мурињо тврди дека зажалил што дошол во Турција.

– Ме измамија кога дојдов. Ми кажаа само дел од вистината со која треба да се борам. Се бориме против системот, кој е во служба на еден клуб. Сепак, нема да се предадеме, бидејќи сме на вистинската страна – рече Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот