Суши – јапонски деликатес: Неколку совети и правила при подготовка

Unsplash
Unsplash

Сушито е најпознат јапонски деликатес како и едно од најпопуларните јадења меѓу Јапонците, кои го подготвуваат за посебни пригоди и за разни национални празници.

Сушито традиционално се прави со зачинет суши ориз, се витка во ролнички или се обликуваат топчиња, па се гарнира со риба или со други морски плодови. Но, суши може да се прави и само со овошје и зеленчук, без додавање риба.

Во повеќето земји, па и кај нас, под називот „суши“ се подразбира цело јадење, но во Јапонија, не е така. Јапонците јасно прават разлика меѓу суши, што значи само ориз и парчиња риби, и сашими кој има сличен назив, но нема ништо заедничко со сушито.

Правила за подготовка

Денес суши може да се каже дека е јадење што содржи ориз направен со оцет и други додатоци. Главни состојки се риба и ориз, а начинот на подготовка и консумација е различен. Оризовиот оцет се додава директно во оризот, се користи свежа риба и нема процес на ферментација. Суши се јаде со стапчиња или со прсти, а специфичностите во неговата подготовка се менуваат постојано.
Оризот што се користи за суши е бел, со ситно зрно, измешан со прелив од оризов оцет, шеќер и алги, некогаш и саке. Тој треба да се излади до собна температура пред да се користи. Некаде се употребува кафеав ориз со ситно зрно или див ориз. Суши оризот е леплив за да може лесно да се обликува и не се распаѓа.

Нори алгите се сушени морски алги, од кои се произведуваат нори ролнички и се користат за виткање на суши. Васаби е друг задолжителен додаток во сушито, направен од корен на васаби и има лут вкус. Често се додава и јапонски рен. Се користи и како зачин, а има силен вкус.

Служење суши

Главна состојка на секое суши е оризот, а различните рецепти суши се разликуваат според полнењето, состојките за посипување и начинот на подготовка. Едни исти состојки можат да се комбинираат различно и да се добијат различни и резултати. Најпознати видови суши се:

– инари – едноставен вид суши направено од пржени парчиња тофу полнети со фил од ориз;
– нигири – мали оризови „стапчиња“ покриени со риба или нешто друго – месо од туна, шкампи, лигња, октопод или омлет;
– маки – зуши – ролнички од ориз со пресувани сушени алги со риба или зеленчук;
– сашими – сурова риба сервирана во парчиња, сечена на разни начини за да се истакне надворешниот изглед на рибата.

Сушито традиционално се сервира во минималистички стил, на чинија со геометриски облик во една или две бои, од природно или лакирано дрво. Со сушито се служи соја сос, васаби (или рен) и мариниран гари (јапонски ѓумбир). Соја сосот се сервира во посебна мала чинија. Правило на бонтон е кога се јаде, да се сврти сушито со филот надолу, за да се натопи во соја сосот, а не со оризот што може да се распадне. Таквото вртење некогаш е тешко, па може да се направи мачкање со соја сос, за што јапонскиот ѓумбир се користи како четкичка. Мешањето васаби со соја сос е практика при јадење сашими, но според традицијата е недозволиво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот