Суша во Лондон: Ќе се воведе ограничено користење на водата

Топлотен бран во Лондон, Велика Британија
Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Од 24 август ќе се воведат мерки за ограничување на користењето на водата во Лондон, соопшти денеска најголемата водоводна компанија во Велика Британија „Темза Вотер“.

На речиси 15 милиони луѓе во главниот град и во областа Оксфорд на запад им е забрането да ги полеваат своите градини, да полнат мали и големи базени, да ги мијат автомобилите, прозорците и дворовите со црева, соопшти компанијата.

За првпат по 10 години, таквите мерки за ограничување на користењето на водата го погодија Лондон, каде сушата во последните месеци ги претвори парковите во суви места.

Неколку водоводни компании веќе најавија слични забрани, главно на југот на земјата, но и во Јоркшир.

Во случај на повеќекратно непочитување на забраната на прекршителите им се заканува кривично гонење, а само еднаш се издава предупредување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот