СУРОВОТО МАЧЕЊЕ на новинарот од САД, СКАПО ГО ЧИНИ Иран: Треба да плати вртогалава сума за отштета

Американскиот судија Ричард Леон вчера му нареди на Иран да исплати отштета во висина од 180 милиони долари на новинарот на „Вашингтон пост” Џејсон Резаин и на неговото семејство, поради затворањето и мачењето.

Резаин во затвор беше од 2014 до 2016 година односно 544 денови.

– Да се држи човек во затвор и да се мачи со цел да се зајакне својата позиција во преговорите со САД е невидено и заслужува казна, се наведува во пресудата на вашингтонскиот судија Леон.

Судот нареди Иран да исплати отштета од 150 милиони долари на Резаин и неговата сопруга Мери, како и на неговиот брат Али.

Иран исто така треба да им исплати речиси 24 милиони долари поради нанесување на болка, страдање и предизвикување на економски загуби на Резаин, на неговата сопруга и на брат му.
Семејството Резаин бара отштета во висина од една милијарда долари.

Резаин, кој по потекло е од Иран, работеше во Техеран кога беше уапсен на 22 јули 2014 година, заедно со неговата сопруга, која беше ослободена по два месеца. Тој беше обвинет за шпионажа во корист на САД.

Тој на 16 јануари 2016 година беше разменет со уште тројца американски затвореници за седум Иранци осудени во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот